Прво па женско #2

Прво па Женско е иницијатива што има за цел да поттикне одново промислување на значењето на 8ми март – Меѓународниот ден на жената, преку отворено поставување на широкото прашање за положбата на жените во нашето современо општество.

Иницијативата ја покренаа Tiiiit! Inc. со цел отворање на еден неексклузивен простор, во кој низ конструктивна дискусија и креативна размена, ќе се препознаат околностите во кои денес живее жената чиј што профил, интереси, ставови и лични заложби за самоостварување се спротиставуваат на традиционалните стереотипи, но и на оние кои денес кај нас насилно се наметнуваат како единствени морални и општествено-политички подобни и со нив доминантниот политички дискурс популистички манипулира.

Не ограничувајќи го контекстот на едно подрачје/теорија (феминизам, еднакви права...), беше конципран настан со целодневна програма составена од активности кои нудат можност за остварување на заеднички (не исклучиво женски или исклучиво машки) поглед и подлабоко разбирање на состојбите. Основната цел на настанот беше отворање простор за унапредување на позитивниот став кон активноста на оние кои јавно го поставуваат женското прашање и дејствуваат во насока на подобрување на политиките кои во фокусот ја имаат жената.

Настанот имаше за цел да поттикне препознавање, континуирано следење и вреднување на активна женска сфера во Скопје и воопшто во Македонија, но и да ги поттикне нејзините актери на поактивна и проактивна соработка и вмрежување. Тој беше и можност да се преиспита доживувањето на феминизмот кај нас денес, зошто е тој несоодветно препознаен, како и разликата помеѓу феминистките и оние жени кои тоа не се, иако обете групи во секојдневието се исправени пред истите предизвици.

Петок 07 03

15:00 работилница
Фоаје на кино Фросина на кат
15:00 предавање
Фоаје на кино Фросина на кат
18:00 филмска програма
Кино Фросина
18:00 базар
Фоаје на кино Фросина на кат
18:00 базар
Хол на МКЦ
20:00 изложба
Галерија на МКЦ
21:30 перформанс
Денсинг Сала
22:00 диџеј сет
Фоаје на кино Фросина

Сабота 08 03

12:00 работилница
Фоаје на кино Фросина на кат
13:00 предавање
Фоаје на кино Фросина на кат
18:00 перформанс
Фоаје на кино Фросина на кат
19:00 перформанс
Фоаје на кино Фросина
20:00 филмска програма
Кино Фросина
22:00 концерт
МКЦ

Волонтери

  • Ивона Наскова
  • Ева Ристиќ
Top