Прво па женско #6

ПРВО ПА ЖЕНСКО
фестивал за феминистичка култура и акција
3-6 мај

„6 часа работа, 6 часа култура, 6 часа активизам, 6 часа одмор“ е застапувачки предзнак на шестото издание на фести-валот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Унапредувањето на работничките права на жените, вредну-вањето на неплатениот домашен труд на нашите сограѓанки, изнаоѓањето начини за свесно давање отпор на современите и некогашни облици на експлоатација и девалвирањето на тру-дот и достоинството, се прашања кои го оформуваат тематскиот фокус на овогодинешниот фестивал. Се застапу-ваме за нова 6-часовна поделба на денот потсетувајќи се токму на мако-трпно добиениот 8-часовен ден за работниците во 19 век. Во тој период борбата за слободно време за култура и рекреација е главното политичко прашање на работничкото движење. Денес, како отпор на неолибералната експлоатирачка практика, главната по-литичка заложба е изнаоѓањето пат до соодветни услови за работа, заштита и грижа за работниците, особено во индустријата. Едната четвртина од денот му припаѓа на активизмот затоа што сме-таме дека секојдневните проактивни иницијативи за синдикално зајакнување се клучен чекор во градењето на отпорот. Егзистенцијата за мнозинството граѓани во Македонија подразбира кршење на се-каков стандард за достоинствен живот, неадекватно образование, јавни здрав-ствени услуги какви што никој не заслу-жува, корупција како највообичаено секој-дневие и, меѓу другото, сеприсутната желба за заминување надвор од оваа пре-каријатна состојба.


Македонија има минато на жесто-ка и борбена женска активност и чув-ствуваме должност да потсетиме на тие денови. Архивите се ограничувачки и не-потполни, но тоа не смее да го однесе во заборав синдикалното активно дејству-вање на женските икони на работничкото движење во Македонија, меѓу кои Роса Плавева, која заедно со нејзините соборци за првпат го бележи празникот 1 Мај во 1909 година во Скопје. Таа продолжува да организира синдикални штрајкови во периодот по Првата светска војна. Во годините потоа активно организираат штрајкови Невена Георгиева-Дуња, Љу-бица Георгиева, Илона Трајкова, Денка Димова и многу други жени кои работеле како текстилни работнички.


ПРВО ПА ЖЕНСКО од 3-6 мај 2018 ќе би-де домаќинка на гости кои размислува-ат за овие суштински прашања. Со нив ќе разговараме за тоа: Дали текстилните работнички, кои едвај ја земаат минимал-ната плата, го добиваат заслуженото по долгите безнадежни штрајкувања, или ќе продолжат да ги собираат на купче мноштвото од едномесечни договори? Дали неплатениот домашен труд, неко-гаш ќе биде препознаен и вреднуван? Дали ќе се вреднува како полно работно време или и понатаму ќе подразбираме дека тоа е вообичаен, безрезервно овоз-можуван луксуз од страна на оние кои решиле да му се посветат на домот, до-дека ние со нетрпение ја чекаме храна-та во чинија поставена на масата? Дали девојките и жените во Македонија, оние во градовите, оние во селата и во руралните места, можат без пречки да се грижат за своето репродуктивно здравје, и воопшто за нивната општа здравствена состојба? До кога ќе ги прашуваат девојките дали планираат да раѓаат, на секое интервју за ново работно место? Дали воспитувачка-та во градинка ќе продолжи да се гри-жи за 30 деца одеднаш? Дали новата иницијатива за законот за породилно отсуство ќе ја стимулира пасивноста на жените во Македонија, нејзино зат-ворање во домот и отсекување од јав-ниот живот или треба да поттикнува вклученост, активност и преземање на улога на влијателен и одлучувачки суб-јект на граѓанството на една држава? Дали бројката од 6 проценти избрани градоначалнички во Македонија, неко-гаш ќе биде двоцифрена? Родовиот јаз во платите само продолжува да ја пот-тикнува нееднаквоста на родовите во социо-економскиот и културен живот. Заложбата за отпор кон тие наметнати норми е повеќе од потребна. Но, начинот на кој што треба да се дојде до еднак-воста вклучува многу посилен еманци-паторски влог и сериозен предизвик во институционалната сфера и политич-ката волја.
Дојдете да ги искористиме овие фес-тивалски денови за размена на искуства и знаења, за промислување на овие и мно-гу други прашања, за проследување на активните жени на сцената, зошто ПРВО ПА ЖЕНСКО и понатаму продолжува да постои како простор за презентација, уче-ње и размена на нови иницијативи во културата и уметноста кои се моќни ка-тализатори на пораката која сакаме да ја пренесеме.


Солидарно,
Јана Коцевска


Ако вработиш куќна помошничка, на-ционалниот приход ќе порасне, стапката на вработенсот ќе порасне, ќе порасне и економскиот развој. Со тоа стапката на невработеност ќе се намали.
Ако се ожениш со неа и таа про-должи да ја работи истата работа, на-ционалниот приход ќе опадне, стапката на вработеност ќе опадне, економскиот развој ќе се намали, а стапката на невра-ботеност ќе порасне.
Ова не може да биде ни поглупаво, ни посексистичко, нели? А сепак, нашите учебници, нашите политичари и статис-тичари, продолжуваат да го вреднуваат само трудот, а не работата што многумина од нас ја вршат.
Гај Стендинг

Четврток 03 05

12:00 дискусија
плато пред МКЦ
21:00 изложба
Кино Фросина, фоаје на кат
21:05 изложба
Фоаје на кино Фросина на кат
21:30 дискусија
плато пред МКЦ

Петок 04 05

21:00 претстава
Кино Фросина
22:30 диџеј сет
плато пред МКЦ

Сабота 05 05

20:00 филмска програма
Кино Фросина
22:00 концерт
плато пред МКЦ

Волонтери

  • Надица Банишка
  • Теодора Милеска
  • Ивана Цилевска
  • Драган Тануровски
  • Верче Петрушевска
  • Енџи Николоска
  • Изабела Јакимова
  • Нина Елзесер
Top