„Слободни да бидеме себеси“

На македонски јазик е преведен прирачникот насловен „Слободни да бидеме себеси“  кој е изработен од страна работната група Gender Blenders и Service Civil International (SCI), и кој има за цел да им даде поддршка на тренерите*ките во сферата на неформалното образование (НФО), на младинските работнички*ци и координатори*ки на меѓународни проекти/кампови за волонтерки*ри и младински размени во врска со родовата тематика и аспектите на сексуалноста. Одбраната содржина и работилниците од овој прирачник се соодветни за употреба при меѓународни волонтерски кампови, при обуки за подготовка на волонтери*ки во разни проекти, при младински размени, при младинска работа воопшто и при работа со други старосни групи.

Овој прирачник располага со основни информации во врска со родот и сексуалноста (за повеќе информации видете ја целосната верзија на прирачникот), а исто така и детално опишани работилници заедно со лесно употребливи алатки кои имаат цел да им помогнат на тренерките*рите при работата со млади луѓе и/или другите старосни групи. Искажаните дефиниции и опишаните концепти во овој прирачник се засноваат на искуства и дебати водени од учесниците од гореспоменатите проекти, а за оние кои не се нивен резултат, го има посочено соодветниот извор.

На крајот од публикацијата се излистани организациите во Северна Македонија кои се занимаваат со оваа тематика.