Ленче Здравкин номинирана за WoW награди

НОМИНАЦИИ ЗА WOW НАГРАДИ

📩 Ја номиниравте Ленче Здравкин 💓

Ленче Здравкин е почесна претседателка е на Здружението „ Куќа на надежта“, Амбасадор на Банка за храна – Храна за сите на Р. Македонија, член е на собранието на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и член е на одборот на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес.

Во 2015 година кога еруптира бегалската криза и бегалците беа повеќе од видливи по патиштата и градовите, Ленче самостојно им подаде рака и надеж за верба во хуманоста. Без никакви предрасуди и стравови, таа им овозможуваше помош и поддршка и сѐ уште го прави тоа бидејќи иако со намален интензитет, низ земјата сѐ уште поминуваат групи на бегалци кои доколку стасаат до градот Велес несебично се помогнати од страна на Ленче. Веќе пет години таа помага илјадници мигранти со храна, вода, хигиенски средства и облека, особено на мајки кои со своите мали деца ја искусуваат оваа голгота. Таа исто така, активно е инволвирана во иницијативата „Банка за храна“ а уште повеќе видлива во помагањето на социјално загрозените семејства во родниот град Велес. Силна жена која умее да мобилизира луѓе околу себе со цел да им помогне на оние кои немаат.

📍 Повикот за номинации се затвора на 12ти јануари 2020. Доставете ја вашата номинација на мејл contact@tiiiitinc.com Напишете го името на онаа жена (или група здружение жени) која ја номинирате за WoW наградата и на кусо образложете зошто ја номинирате. Повеќе инфо на следниот линк: https://tiiiitinc.com/…/nominatsiite-za-wow-nagradite-se-ot…

#womenonwomen #wowawards #wowнагради