Прво па женско #5

Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО отвора неексклузивен простор за конструктивна дебата за околностите во кои денес живее жената спротивставена на традиционалните стереотипи. Фестивалот има за цел да го промовира феминизмот и да ги поддржи заложбите на активистите за родовата еднаквост преку создавање можности за локална, регионална и интернационална размена, соработка и вмрежување, како и да придонесе кон суштинско препознавање на женската интелектуална и креативна продукција преку креирање можности за креативно изразување, соработка и професионален развој.

Домашните, но и глобалните случувања изминатава година потврдија дека сериозните чичковци во костуми, седнати на одлучувачки позиции сериозно потфрлија.  Ред е на жените да го спасат светот! Под ова мото, оваа година ПРВО ПА ЖЕНСКО го слави својот 5ти роденден! Програмата на јубилејното издание враќа некои од незаборавните учеснички и учесници од претходните години, на кои им се придружуваат нови возбудливи пријател(к)и на фестивалот. 

 Фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско е поддржан од Европската Унија и од FRIDA Young Feminist Fund. Содржината на фестивалот е одговорност единствено на Тиииит! Инк. - Скопје и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

Четврток 18 05

20:00 изложба
Хол на МКЦ
20:00 филмска програма
Кино Фросина
22:00 диџеј сет
Плато пред МКЦ

Петок 19 05

19:00 предавање
Фоаје на кино Фросина на кат

Недела 21 05

13:00 базар
Плато пред МКЦ
14:00 работилница
Плато пред МКЦ
16:00 кулинарска изложба
Плато пред МКЦ
19:00 предавање
Плато пред МКЦ

Волонтери

  • Ивона Наскова
  • Моника Јамандиловска
  • Ева Ристиќ
Top