Учесници
Бори се женски
„Бори се женски“ е независна иницијатива посветена на промовирање на родовата рамноправност преку поттикнување дебата во интернет сфера
Синопсис
Женска Архива 2.0 | БОРИ СЕ ЖЕНСКИ
ЖЕНСКА АРХИВА 2.0 БОРИ СЕ ЖЕНСКИ
Бори се женски е независна и неформална grass root иницијатива посветена на промовирање на родовата рамноправност преку поттикнување дебата во јавната сфера, а ЖЕНСКА АРХИВА 2.0 е нивната интернет акција во реално време - обид за архивирање на истакнати жени заборавени од македонската Интернет сфера, преку внесување статии во Wikipedia на македонски јазик. Целта е да го прошириме доминантниот наратив преку актуелизирање на заборавените и потиснати женски гласови низ историјата. Ако официјалната историја ги заборава овие жени, да не дозволиме да ги заборави и Интернетот. Акцијата е отворена за сите заинтересирани – понесете лаптоп и ставете ја вашата хероина на Интернет.