Инфо

Година

2015

Дата/Време

Сабота 07.03 20:00

Место

Кино Фросина

Земји учесници

ХР | САД |

Учесници

Vox Feminae

Vox Feminae


Women Make Movies

Women Make Movies


Ар тисти

Синопсис

Филмска програма

Филмска програма  во соработка со VOX FEMINAE FESTIVAL (HRV) и WOMEN MAKE MOVIES (US)

Просторот за родна и медиска култура К- Zona од Загреб од 2007 го организира Vox Feminae Фестивалот - интернационален фестивал кој вклучува филмска програма, работилници, изложби и учество на музичар(к)и, уметници, ативист(к)и и теоретичар(к)и. Целта на фестивалот е да се унапреди видливоста на женската креативна и општествена ангажираност со нејзино поместување надвор од вообичаените практики и контекст и создавање нов јавен простор, надвор од бинарните општествени позиции, во кој слободно се дискутираат родовите прашања и предизвици. Препознавајќи го филмот како силна алатка за поттикнување социјални промени, во изминативе седум години, на Vox Feminae се проектирани повеќе од 160 филмови. Благодарение на пријателствот на Tiiiit! Inc, Vox Feminae и организацијата која ги обединува американските филмски шампиони во заложбите за родова еднаквост Womеn Make Movies, годнава на ПРВО ПА ЖЕНСКО ќе можете да ги видите:

„Герилци меѓу нас“ Филм на Ејми Харисон / 1992 год. / 35’ Филмот вешто ги истражува сплеткарењата на комерцијалниот уметнички свет во екот на неговата популарност во 80-те години на минатиот век и одблиску ни ги претставува Герилките (Guerrilla Girls). Оваа анонимна група на уметнички терористи успешно ги става на тапет расизмот и сексизмот во уметничкиот свет уште од 1985 година, а нивните остроумни и креативни тактики го видоизменија политичкиот и културниот активизам. Сплетот од интервјуа со клучните претставници на уметничката сцена во Менхетен, рекордни аукции, отворања изложби и интервјуа со самите Герилки објаснува како до ден-денес се одржал митот за херојскиот машки уметник.

„Некои американски феминистки“ Филм на Лис Гибо, Никол Бросар и Маргарет Вескот / 1980 год. / 56’ Филмот истражува една од најзначајните социјални појави на минатиот век – вториот бран на женското движење – и нуди фасцинантен флешбек на заложбите за ослободувањето на жените предизвикани од жестоките контрареакции во 90-те години. Инспиративните интервјуа со Ти-Грејс Аткинсон, Рита Мае Браун, Бети Фридан, Марго Џеферсон, Лила Карп и Кејт Милет се испреплетени со исечоци од вистински снимки од бурните 60-ти и раните 70-ти години. Филмот претставува важно критичко гледиште за сите чие поле на интерес се родовите студии, историјата и општествените науки.

Top