КУЛА

КУЛА
MK
Учесник
веб страница

„Кула“ е отворено место за споделување на креативни и уметнички содржини, а воедно цели кон поттикнување на нови иницијативи во културниот живот на градот Скопје. Оттаму нејзиното дејствување се насочува кон интегрирање и развој на алтернативни теми и идеи, генерирање на иновативни дела и размена на суштински информации во поглед на севкупното материјално и духовно егзистирање.

Тимот на Кула го сочинуваат дваесетмина културни работници кои ентузијастички го споделуваат своето слободно време, волонтирајќи во овој културен центар. Својот активизам го поддржуваат со принципот на донација кој е униформен начин на делување на „Кула“, а воедно ја поддржува идејата за креативно самоодржување на еден простор.

Настојуваме активностите во „Кула“ да го овоплотат креативниот дух на градот и да ја реанимираат независната уметничка сцена. Програмата на местото е отворен повик за сите потенцијални или етаблирани творци, уметници, автори и здруженија да ги вмрежат своите дејствувања во обид да се создаде заедничка платформа за промоција и интеграција на културните вредности.

Top