Јана Јакимовска

Јана Јакимовска
МК
Уметница

   Јана Јакимовска (1981) дипломира и магистрира на сликарскиот оддел на факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се занимава со сликарство, дигитални медиуми, графички дизајн, фотографија, илустрација и интервенции во јавен простор. Нејзиното најново творештво се фокусира на феминистичкиот аспект, разгледан низ призмата на телото, себството, сексуалноста и позицијата на жената во општеството денес.  До сега имала петнаесет самостојни изложби во Њујорк, Скопје, Белград, Приштина, Куманово, Гевгелија и Штип. Учествувала на бројни групни изложби во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Грција, Италија, Литванија, Германија и САД. Работи како вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Top