Инфо

Година

2017

Дата/Време

Четврток 18.05 20:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

MK | RKS |

Учесници

Христина Иваноскa

Христина Иваноскa

Христина Иваноска (р. 1974) е докторантка на академијата за ликовни уметности во Виена. Таа работи интердисциплинарно, истражувајќи ги општествените и...

Повеќе

HAVEIT

HAVEIT

HAVEIT e колектив од четири млади уметници (комбинација од два пара сестри- Хана и Веса Кена и Лола и Алкета...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Изложби | Христина Иваноска, Сирота мала богаташица (избришано минато) & HAVEIT, Pilule du Lendemain

 

Христина Иваноска (р. 1974) е докторантка на академијата за ликовни уметности во Виена. Таа работи интердисциплинарно, истражувајќи ги општествените и политички системи и нивната поврзаност со теоријата и историјата. Има изложувано во Künstlerhaus; <rotor> (Грац), MNAC (Букурешт), State Museum of Contemporary Art (Солун), MOCA (Скопје), Slovak National Gallery (Братислава), NGBK (Берлин), Konsthall C (Стокхолм), Magazin4 (Брегенц), MOCA (Белград) и други места. Со Јане Чалоски беа претставници од Македонија на 56-тото биенале во Венеција во 2015 година. Делото Poor Little Rich Girl (erased past) е основано на фотографии од архивот на уметничката направени во 2002 година. Откривајќи ги дванаесет години подоцна таа сфаќа дека тие го задржале изгледот и сензација на градот кој е загубен засекогаш. Во изминатите години јавниот простор стана игралиште за владата и неолибералниот капитал, и игнорирајќи било каква јавна дебата во многу кратко време тие го окупираа просторот и го преполнија со згради и споменици. Ново подигнатата архитектура дизајнирана во претенциозен еклектичен стил занемарувајќи го модернистичкото минато на градот стана иднината на Скопје. На зголемените отпечатоци од трите избрани фотографии, Иваноска со користење само на акрилна златна боја и бело мастило создаде иконско претставување на изгубениот град, подигајќи го својот индивидуален глас против промените кои го уништија природниот флукс на постоечкиот јавен простор и аурата на центарот на градот.

HAVEIT e колектив од четири млади уметници (комбинација од два пара сестри- Хана и Веса Кена и Лола и Алкета Силај) чија уметност е бунт против проблемите кои владеат во албанското општество - рестрикциите на струја и вода, национализмот, ЛГБТИ дискриминацијата и опресијата врз жените. Тие исто така се обидуваат да ја илустрираат секојдневната борба на речиси секој Косовар. Честопати, нивните перформанси се изведуваат на јавни простори во Косово.

Pilule du Lendemain (Morning-after pill) е нивниот најнов проект, направен во соработка со фотографката Мајлинда Хоџа. Името е на француски токму поради фактот што во Косово упатството за овие пилули е на странски јазик. Видеото е одговор за недостатокот на сексуално образование во Косово и за морализирањето кое го добиваат жените на теми како абортусот. Многу жени за овие пилули дознаваат од пријатели или пак од интернет и честопати се скептични бидејќи се чувствуваат засрамено или не сакаат да бидат осудувани.

Top