Инфо

Година

2016

Дата/Време

Недела 13.03 13:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

MK |

Учесници

Една може

Една може

Една може! започна во 2014 година како женско движење за трансформација на стереотипните видувања во однос на еднородителските семејства и...

Повеќе

Обединети против насилството врз жените

Обединети против насилството врз жените


Ар тисти

Синопсис

ЖЕНСКА СОБА | Презентации

 

Презентации на здруженијата Една Може и Обединети против насилството врз жените.

 

ЕДНА МОЖЕ (Македонија)


Во борбата за достоинствен живот како самохрана мајка решив да иницирам да ја создаваме групава за самопомош на еднородителски семејства. Да се собереме на едно место сите засегнати и не само да си раскажеме што не мачи, мори и гори ами и најважно, нешто да преземеме по прашањата. Да продреме до сржта на нашите секојдневни искушенија преобмислувајќи го нашето делување во општествово, да бидеме конструктивни и активно да се изборуваме за елементарните права и специфични потреби кои ги имаат еднородителските семејства.

 

ОБЕДИНЕТИ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ (Македонија, Хрватска, Црна Гора)


Проектот беше креиран од четири млади жени од Македонија, Хрватска и Црна Гора, на пролетната школа за "Родова демократија" овозможена од Balkans let's get up! Свесни за постоење на проблемот на насилство врз жените на Балканот, пасивноста и стравот кај жените да зборуваат за овој проблем, личната мотивација како жени и млади луѓе и секако обврската која ја чувствуваме да се вложиме себеси во решавањето на овој проблем, беа главните фактори кои не обединија во создавањето и реализирањето на овој проект. Главни цели на проектот беа: превенција на насилството врз жените, будење на свеста за постоење на проблемот и зајакнување и охрабрување на младите жени.

Top