Мерсиха Смаиловиќ

Мерсиха Смаиловиќ
MK
Учесничка
веб страница

Мерсиха Смаиловиќ е родена 1984 год.во Скопје. Нејзиното семејство е од Санџак, Р.Србија, а се доселуваат во Скопје во 50-тите години. Дипломирала при универзитетот Св.Кирил и Методиј во 2008 година и е единствената студентка која носела марама на Правниот факултет. Уште во своите рани средношколски денови е активна во невладиниот сектор каде наоѓа простор да се бори за етаблирање на хуманизмот во рамките на општествената социјализација. Со запишувањето на правните студии, активизмот го насочува кон женските муслимански кругови. Моментално работи како правен консултант, во компанијата во која е коосновач, Нахла Консалтинг и е претседател на Здружението за жени ЕДУ НИСА.

Top