Инфо

Година

2014

Дата/Време

Петок 07.03 15:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

MK | MK |

Учесници

Матка

Матка


Реактор

Реактор

Research in action


Ар тисти

Синопсис

Женска Соба | Презентации

ЖЕНСКА СОБА - презентации фоаје на кино Фросина на кат

15.00 МАТКА
Tiiiit! Inc. заедно со ХЕРА, Реактор – истражување во акција, ЛезФем, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Бори се женски, Здружение „Студентска организација Излез“, Контрапункт и Акција Здруженска, поттикнати од нетранспарентноста на донесувањето на законот за прекин на бременоста, ја создадоа Матка – платформа за слободен пристап до легален абортус. „Матка“ на ПРВО ПА ЖЕНСКО го промовира второто издание на весникот „Избор“ и второто промотивно видео од својата иницијатива „Мое тело - мој избор!“

16.00 РЕАКТОР
Реактор е [think-tank] организација која се занимава со истражувања во сферата на родовата еднаквост; младите и урбаниот развој со цел креирање политики. Родов Реактор е замислен како простор во кој на едно место ќе бидат содржани сите родово-поделени податоци кои се релевантни во напорите за постигнување родова еднаквост. Сајтот дава слика за статусот на жените и мажите во Република Македонија и за систематските нееднаквости кои сеуште постојат, најчесто на штета на жените.

Top