Мила Царовска

Мила Царовска
MK
Учесничка

Мила Царовска (6 мај 1984 во Скопје) — министерка за труд и социјална политика во македонската влада од 2017. Царовска е дипломиран социјален работник на институтот за социјална работа на Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот 2005–2015 година, Царовска била програмски координатор на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА), а од ноември 2015 до мај 2016 била советник во кабинетот на министерот Фросина Ременски. Царовска по дипломирањето работела во повеќе граѓански здруженија и невладини организации од сферата на трудот и социјалната заштита.

Top