Верица Недеска

Верица Недеска е македонска актерка и изведувачка. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје и магистрирала применети уметности на ФАМУ во Прага. Освен со актерство, во поново време се занимава со пишување, режија и продукција. Во моментов работи на нејзиниот долгометражен филм Срам, а тукушто го заврши својот краткометражен филм Вера, каде се потпишува како сценарист и режисер. Живее во Прага, но сѐ уште е активна на македонската сцена и досега има остварено повеќе значајни соработки со наши и странски признаени режисери и автори. Покрај театарот и филмот, нејзина голема љубов се музиката и поезијата.

Top