Селма Селман

Селма Селман
BIH
уметница
веб страница

Селма Селман (1991, Бихаќ, Босна) дипломирала на Факултетот за сликарство во Бања Лука на отсекот за Ликовни уметности (2014), и магистрирала на Универзитетот во Сиракуза (Syracuse University) на отсекот Ликовни уметности – Трансмедијалност, визуелни и изведувачки уметности во Њујорк, САД (2018). Селма има ромско потекло. Главна цел на нејзините дела е да ги заштити женските тела и да им овозможи сеопфатен пристап до самоеманципација на опресираните жени. Нејзината потрага по функционален, современ, политички отпор е инспирирана од нејзиното лично искуство на опресија на различни нивоа, од различни страни.
Селман е основачка на организацијата Марш во школо! чија цел е да им се дадат можности и да се поттикнат девојчињата ромки кои живеат во сиромаштија, заборавени од општеството. Селма живее во БиХ, во САД и низ Европа. Нејзините дела биле изложени во Kunsthalle во Виена, Австрија (2020); L'Onde Center for Art, во Париз, Франција (2020); на 58то Венециско биенале на уметноста, Италија (2019); во музејот Queens во Њујорк, САД(2019); во Villa Romana во Фиренца, Италија (2019); на Creative Time Summit во Мајами, САД (2018); на 3тиот Берлински есенски салон во театарот Maxim Gorki, Германија (2017); во acb Gallery во Будимпешта, Унгарија (2017); agnès b. Galerie Boutique во Њујорк, САД (2017); New Children Gallery во Њу Орлеанс, САД (2016); Kunstquartier Bethanien во Берлин, Германија (2016); во Музејот на современа уметност на Република Српска во Бања Лука, БиХ (2014). Без Простор е нејзина прва изложба во Скопје.

Top