Сандра Дален

Сандра Дален
SWE
Секс-едукатор/Предавач

Сандра Дaлен (Шведска) веќе 20 години работи како секс-едукатор - предавач, тренер и писател. Во 2002 год. ја напиша првата феминистичка книга на шведски јазик насловена Секс итн., а во 2006 год. првата „популарно научна“ книга за хетеронормативноста Хетеро. Таа работи и како предавач на теми поврзани со еднаквите можности, дискриминацијата и нормативно - критичката педагогија. Фер е да признаеме дека, на свое и на задоволство на нашите партнер(к)и, сè уште ги практикуваме советите од нејзината работилница “LET’S TALK ABOUT (CLITORAL) SEX”, дел од третото издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО, а оваа година Сандра ќе не научи и други важни работи за женското задоволство.

Top