Кумјана Новакова

Кумјана Новакова
Македонија
кураторка

Кумјана Новакова, работи во полето на креативниот документарен филм и аудиовизуелните уметности од 2006 година кога и го кооснова филмскиот фестивал Pravo Ljudski во Сараево. Моментално работи како филмска кураторка во Музејот на современа уметност во Скопје и предава на одделот за документаристика и нефикција на ESCAC во Барселона. Авторски развива проекти помеѓу филмот и современата уметност, најмногу истражувајќи ја интеракцијата помеѓу идентитетите, спомените и колективното јас. Кумјана ја курира филмската програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО од 2014 година.

Top