Инфо

Година

2015

Дата/Време

Петок 06.03 15:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

MK |

Учесници

Кристина Костова

Кристина Костова


Ар тисти

Синопсис

Женска Соба | ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: Форми на субверзија против патријархалните норми во Халмет

ЖЕНСКА СОБА

ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: ФОРМИ НА СУБВЕРЗИЈА ПРОТИВ ПАТРИЈАРХАЛНИТЕ НОРМИ ВО „ХАМЛЕТ“

Отворена читачка и дискусиона сесија конципирана и водена од Кристина Костова, дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност. Сесијата, дел од проектот „ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност“* куриран од Ивана Васева и Филип Јовановски, ќе се одвива во амбиентот на мини поставка на донираните книги од проектот. Не е тајна дека Шекспир во неговите драми всадил суптилни сугестии кои биле субверзивни кон ставовите и мислите кои биле доминантни во негово време. Во тоа што ќе кажат и како ќе се однесуваат женските ликови во Хамлет, Шекспир ги наоѓа формите на субверзија против патријархалните норми. Шекспир знаел дека на секоја мизогина култура очајно ѝ се потребни жените и го искористил тој факт. Во читачката сесија ќе продискутираме зошто Шекспир сè уште е релевантен, преку споредба помеѓу општествениот контекст во кој пишувал и оној во кој живееме ние. Особено ќе се задржиме на формите на субверзија кај ликот на Офелија и шекспировото одбивање да ја смести во дихотомната категоризација на светица или блудница. *ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност е подолгорочен кураторски проект, кој подразбира процес на собирање и дистрибуирање литература, која се однесува на граѓанска партиципативност, активност и реакција, по пат на донации од индивидуалци, претставници на невладиниот сектор, организации и здруженија согласни да делуваат во насока на градењето на отворено и современо демократско општество.

Top