Инфо

Година

2019

Дата/Време

Сабота 11.05 19:00

Место

Женска соба | фоаје Фросина, на кат

Земји учесници

МК | СЛО | Германија |

Учесници

 Ивана Драгшиќ

Ивана Драгшиќ

Ивана Драгшиќ, социолог и граѓанска работничка, која делува во областа на урбаното заедничко (commons) и градското управување. Со колегите од...

Повеќе

Лана Здравковиќ

Лана Здравковиќ

Лана Здравковиќ е перформерка од тандемот Kitch од Словенија, кој го истражува субверзивниот, политички и еманципаторски потенцијал на феноменот на...

Повеќе

Сара Хелд

Сара Хелд

/


Ар тисти

Синопсис

Феминизам и порно: Friends or Foes?

Жените гледаат порно. Жените играат и снимаат порно филмови. Исто така и феминистките. Наспроти овие факти, сé уште постојат митови дека само мажите уживаат во порно, дека порно актерките не уживаат во својата работа, феминистките мразат порно, а порно индустријата е менаџирана од мажи. Ок, последново е горе-доле вистина.

 

Затоа, се поставува прашањето дали алтернативните порно продукции можат да го променат начинот на кој гледаме на порно филмовите? Дали може порното да биде протест против социо-културните норми? Кои се можностите на порно индустријата за едукација, еманципација и ослободување на сексуалните инхибиции? Што би се случило доколку наместо да сме изложени на сексистички мејнстрим порничи имаме пристап до порно материјали кои прикажуваат различни типови на тела, сексуалности, родови и го вреднуваат и истражуваат задоволството на сите? Доколку визуелно би биле повеќе изложени на женското сексуално задоволство, дали жените поактивно би се залагале за своето право на задоволство и оргазам?

 

Целта на овој панел е да ги стави во фокус женските сексуални задоволства (со целата  свесност дека е невозможно да се зборува за истото во еднина). Сакаме активно да го расклопиме „светото тројство“ на мејнстрим порното (празната pick-up line – одреден сет на секс пози кои речиси секогаш се наменети да прикажат единствено секс органи − и финале: cum shot) кон разгледување на потенцијалот на феминистички и квир порно продукции. Најпосле, сакаме да го разнишаме митот дека феминистките мразат порно.

 

На панелот разговараме со Лана Здравковиќ (Словенија), која има докторат по филозофија, а работи како истражувачка и перформерка и во својата работа се занимава со сопственото (често претерано сексуализирано) тело, и Сара Хелд (Австрија), која во својата истражувачка работа и уметнички пракси се фокусира на културата на протест, интерсекцијата помеѓу феминизмот и политичкиот активизам против сексуално насилство. Панел дискусијата ќе ја модерира Ивана Драгшиќ, социолог, активистка и културна менаџерка, која пушта музика на својата радио емисијата Дiskorдia – можниот саундтрак на падот на патријархатот и во клубови.

Top