https://vimeo.com/294962905

Инфо

Година

2019

Дата/Време

Сабота 11.05 20:30

Место

Кино Фросина

Земји учесници

СЛО | MK | MK |

Учесници

Симона Семенич

Симона Семенич

Симона Семенич e словенечка драмска писателка и изведувачка. Добитничка е на најзначајната национална награда за уметничко дело во нејзината земја...

Повеќе

Верица Недеска

Верица Недеска

Верица Недеска е македонска актерка и изведувачка. Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје и магистрирала применети уметности на...

Повеќе

Билјана Радиноска

Билјана Радиноска

Билјана Радиноска е македонска театарска режисерка. Дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во класата на Слободан Унковски и...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

„ЈАС, ЖРТВАТА“ и „Вториот пат“

Текст: Симона Семенич

Играат: Верица Недеска и Симона Семенич

Дизајн на светло: Игор Ремета

Копродукција: Место Женск, Прво па женско и МОТ+.

 

Првото изведувачко соло „Јас, жртвата“ на драмската писателка и изведувачка Симона Семенич се занимава со нејзините блиски средби со темните сили од различни типови. Споделувајќи го своето искуство со епилепсијата и здравствениот систем, со гениталниот херпес и здравствениот систем, како и со многу други нешта, таа зборува за начините на кои се справува со она коешто многумина од нас го искусуваат и трпат секојдневно.

За да го изведе перформансот „Јас, жртвата“ на Прво па женско, по неколкуте години активна работа во областа на филмот, на штиците што живот значат конечно се враќа Верица Недеска. Таа и режисерката Билјана Радиноска работеа на подготвките на перформансот за македонската публика. Благодарение на отвореноста и поддршката од Место Женск и МОТ+, Прво па женско конечно може да се пофали со својата прва копродукција во областа на изведувачките уметности.

Вториот пат е втората изведба на овој перформанс од 2014 година. Симона го почнува својот монолог буквално онаму каде што го завршува првиот. Отворајќи ја изведбата со последните зборови од првата изведба – „Остајте ме да пушам“, таа на изведувачки оригинален и емотивно разоружувачки начин, нѐ информира за тоа што се случило во меѓувреме, во годините меѓу првата и втората изведба на перформансот. 

Top