Инфо

Година

2018

Дата/Време

Сабота 05.05 22:00

Место

плато пред МКЦ

Земји учесници

MK | AT | РС |

Учесници

Фосфен

Фосфен

Фосфен


DIVES

DIVES

DIVES


RepliCunts

RepliCunts

RepliCunts


Ар тисти

Синопсис

Фосфен (МК), DIVES (AT) и RepliCunts (RS)

Женски здружени со ISKRA Tourbooking ве носиме на музичко патување и запознавање со нови квалитетни артист(к)и од домашната и европската музичка сцена. За девојките од DIVES и Replicunts ова е прво претставување пред публиката во Македонија.

 

Fosfen се инди/поп-рок прогресивци од Битола, основани во 2016 година. Имаат одржано повеќе настапи на алтернатив- ната сцена низ Македонија и полека го подготвуваат своето првенче кое ќе излезе годинава. Кога Dischord Records би издавале албум на бенд од Македонија, тоа сигурно би бил бендот на овие момци!

 

Replicunts се женски панк рок бенд од Белград, Србија чија приказна започнува во 2012. Овие три девојки низ изминатите години имаат отсвирено голем број концерти во Србија, гостувале на фестивали и оствариле две европски турнеи. Звукот на Replicunts е мешавина од old school панк и мелодичен хардкор панк. Нивното ново ЕП ќе биде објавено кон крајот на мај.

 

DIVES се три другарки кои се запознале на Австрискиот женски рок камп во 2016 и веќе наредната година го снимаат својот мини-албум за Siluh Records. Изданието содржи 6 песни кои се освежување на традиционалниот сурферски звук. Иако мелодиите во стилот на 80-тите потсетуваат на La Luz, сепак Dives свират модерна инди музика која вистински ја забавува и придвижува публиката.

Не е моја револуција, ако не смеам да танцувам! - Ема Голдман

ISKRA Tourbooking е независна музичка букинг агенција, резултат на долгогодишниот ангажман на музичката сцена на нејзината основачка Елена Крстева. Главен фокус на ISKRA Tourbooking е букирање и организирање настапи и турнеи на хардкор/панк артисти низ Европа, како и организирање фестивали. 

Top