Инфо

Година

2017

Дата/Време

Недела 21.05 16:00

Место

Плато пред МКЦ

Земји учесници

MK |

Учесници

ХНУ

ХНУ


Ар тисти

Синопсис

Maжите готват за ненаситните феминистки

Благодарение на долгогодишното другарство со ХНУ, за роденденот на ПРВО ПА ЖЕНСКО, незаборавниот вкус на машкиот ручек од првото издание се враќа во голем стил. Тројца џентлмени, неверојатно вешти за сецкање, матење, ролување, пржење, динстање и фламбирање ќе се погрижат овој пикник на платото на МКЦ, уште долго да го паметиме по мирисите и вкусовите на нивите кулинарски ремек дела.

Да им дадеме шанса да пробаат да нè заситат!

ХНУ_Истражувачкото студио за храна наука и уметност, преку готвењето храна го истражува процесот од идеја до готово дело. ХНУ го поставува прашањето за врската помеѓу рецептот и крајниот вкус. Дали секој рецепт може да биде претворен во добар вкус? ХНУ преку целиот овој процес има за цел да потенцира колку е важна одговорноста во готвењето/создавањето на кулинарските/културните продукти.

Top