Инфо

Година

2017

Дата/Време

Сабота 20.05 20:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

СР |

Учесници

Битеф Театар

Битеф Театар

БИТЕФ театар је установа града Београда од значаја за културу града и шире. Основан је на иницијативу легендарне Мире Траиловић,...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Црвена љубов - БИТЕФ Театар (Србија)

Режија и драматизација: Олга Димитријевиќ

Играат: Владимир Алексиќ, Јелена Илиќ, Милица Стефановиќ и Ана Ќурчин

Музика: Ана Ќурчин

Извршна продукција: Драгана Јововиќ и Јована Јањиќ

Видео: Деана Петровиќ

Графички дизајн: Катарина Поповиќ

Фотографија: Марија Радосављевиќ

Продукција: uz)bu))na))) и Bitef teatar

Претставата Црвена љубов е правена според романот Слободна љубов на руската писателка и револуционерка Александра Колонтај. Се занимава со револуционерната идеја за љубовта, доведувајќи ги во прашање патријархалните и капиталистички општествени механизми кои ги обликуваа денешните љубовни односи и ги произведоа нивните, сè уште актуелни општествени форми. Денес, кога говориме за алтернативи на капитализмот и за тоа како да ги промислуваме и да ги реализираме, делото на Колонтај станува одново актуелно по прашање на политиките на секојдневниот живот на сите нивоа, од економското до емотивното. Ако под револуција подразбираме радикална промена на постоечкиот општествен однос на моќта и капиталот во име на еднаквост, општествено добро и заедништво, тогаш таа мора да се случи и во рамки на основната клетка на
капиталистичкото општество, во приватната сфера, чие што јадро е патријархалното семејство. На кратко, патријархатот, буржоаскиот брак и хетеронормативното семејство не се компатибилни со поправеден свет. Затоа е неопходно да се инсистира на надминување на репродукцијата на родните и сексуални стереотипи, да се осмисли револуција која ќе ги пробие сите тие утврдени ограничувања на слободата и љубовта.

Top