Инфо

Година

2016

Дата/Време

Недела 13.03 16:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

MK |

Учесници

Платформа за родова еднаквост

Платформа за родова еднаквост


ЛД СОЛИДАРНОСТ

ЛД СОЛИДАРНОСТ


Ар тисти

Синопсис

ЖЕНСКА СОБА | Презентации

Презентации во женската соба на Платформата за родова еднаквост и ЛД Солидарност.



ПЛАТФОРМА ЗА РОДОВА ЕДНАКВOCТ 


Презентацијата на Платформата за родова еднаквост ги содржи сите информации кои се однесуваат на формирањето, мисијата, визијата, целите, начинот на функционирање и досегашните активности на Платформата. Таа ќе го претстави процесот преку кој граѓанските организации кои работат на полето на родова еднаквост го изградија механизмот кој ја здружува нивната експертизата и искуство со цел да се влијае врз политиките на локално и национално ниво. Презентацијата ќе биде корисна за да се запознае еден од поефикасните начини преку кои граѓанските организации можат да создаваат гласност, лидерство и единство во заедничкото дејствување базирано на солидарност, еднаквост, партиципативност, транспарентност, доброволност, одговорност и отчетност.

 

ЛД СОЛИДАРНОСТ 


Девојките од ЛД Солидарност ќе зборуваат за својата релативно млада организација која од почетокот на своето јавно експонирање има прилично "женско лице". Поконкретно, за тоа како од една страна е многу важно една организација да се стреми кон еднаква родова застапеност, но од друга страна е важноста на кој начин се прави тоа, колку тоа е отсликано во целокупната пракса, а кога преминува во нешто што се прави "ради реда". Од позиција на левичарско движење, ќе зборуваат и за интерсекционалниот момент - за нужниот пресек и поврзаност на борбата за родова еманципација и работничката борба, па како оттаму ниедна организација која претендира автентично да застапува левичарска агенда не смее да си дозволи да ја маргинализира женската вклученост.

Top