Инфо

Година

2016

Дата/Време

Недела 13.03 18:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

CRO |

Учесници

Фрлачи на Сенки

Фрлачи на Сенки

Фрлачи на сенки/ Bacači sjenki/Shadow Casters е непрофитна меѓународна, уметничка и продукциска платформа која е посветена на интердисциплинарна соработки во...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

ШЕПОТ НА ЅИДОВИТЕ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА АКТИВНОСТИТЕ ВО РАМКИ НА РАБОТИЛНИЦАТА ЗА ДЕЦА „ШЕПОТ НА ЅИДОВИТЕ“

 

ШЕПОТ НА ЅИДОВИТЕ СО ФРЛАЧИ НА СЕНКИ (Хрватска)


Работилницата Шепотење на ѕидовите, наменета за деца помеѓу 8 и 12 години, e создадена
поради воочената општествена потреба од поинакви и посложени образовни методи кои
на денешните деца ќе им овозможат увид во комплексната динамика на градскиот живот и
урбанитетот, историјата и логиката на архитектурата, прашањата на современото живеење
и политиките на јавниот простор. Повеќеслојноста на градот на децата им се прикажува
преку низа драмски вежби, истражувачки можности и изведувачки игри, со што спонтано
и низ игра децата се поттикнуваат на промислување на просторот во кој живеат, на
сопственото и однесувањето на другите со него и со тоа им се дава увид во стварноста со
која се опкружени. Програмата се потпира на едукативни и уметнички методи, при што се
инсистира на интердисциплинарен и интермедијален пристап кој подразбира интегрален и
проблематски, дискурзивен пристап во образованието.Затоа водителите на оваа
Работилницата доаѓаат од најразлични хуманистички и уметнички бранши - Ања
Плетикоса (драматург),
Ведран Сењановиќ (снимател), Сандра Ускоковиќ (историчарка на уметност), Борис Бакал
(актер, режисер, интермедијален уметник) и други.


Работилницата Шепотење на ѕидовите во Скопје е посветена на паркот „Жена борец“, на
неговите содржини и на приказните на неговите авторки и автори за пишаните и
непишаните кореографии. Работилницата ќе се занимава со денешната состојба на паркот,
неговото минато, но и можната иднина која во него ќе ја впишат децата на Скопје.
Мултидисциплинарниот пристап во истражувањето на просторот на крајот на
Работилницата е претставен низ заеднички перформанс на децата и водителите на
Работилницата.


До сега Работилницата е одржана на јубилејниот 10. АКТО фестивал на современи
уметности во Битола, Македонија, во соработка со тамошниот актер Иван Јерчиќ.
Реализацијата на работилницата на ППЖ годинава се реализира во соработка со АКТО
Фестивалот за современа уметност.

Top