Инфо

Година

2013

Дата/Време

Петок 08.03 18:00

Место

Фоаје на кино Фросина

Земји учесници

MK | MK |

Учесници

ХНУ

ХНУ


June

June


Ар тисти

Синопсис

ВКУСОТ НА МАШКИОТ РУЧЕК + Матине концерт на June

Учесници: Игор Ангелов, Влатко Деловски и Артан Садику

ХНУ_Истражувачкото студио за храна наука и уметност, преку готвењето на храна го истражува процесот од идеја до готово дело. ХНУ го поставува прашањето за врската помеѓу рецептот и крајниот вкус. Дали секој рецепт може да биде претворен во добар вкус? ХНУ преку целиот овој процес има за цел да потенцира колку е важна одговорноста во готвењето/создавањето на кулинарските/културните продукти.

June е производ на ентузијазмот на тројца инжињери длабоко вљубени во музиката. Формиран во октомври, 2010 од Бојана, Данчо и Филип, бендот остава автентичен траг на македонската музичка сцена, давајќи и здив на свежина со својот микс од indie pop, americana со примеси на акустичен country pop. Досега имаат свирено на неколку фестивали и концерти, меѓу кои и на Таксират 2010, како пред група на Nouvelle Vague, EXIT 2011, Здраво Млади 2012, PIN Conference и други.

Top