Инфо

Година

2013

Дата/Време

Петок 08.03 20:00

Место

Денсинг сала

Земји учесници

MK | MK | MK |

Учесници

Ивана Васева

Ивана Васева

Ивана Васева 


Филип Јовановски

Филип Јовановски


Јованка Попова

Јованка Попова


Ар тисти

Синопсис

ЖЕНА И ПОЛ

ДИСКУРЗИВЕН НАСТАН „ЖЕНА И ПОЛ“ конципиран од Ивана Васева, Филип Јовановски и Јованка Попова


Кому сè, имајќи ги предвид инструментализираните позиции на моќ во ова општество, „треба“ да му се „исповеда“, односно - дава отчет, современата жена. Кратки монолози на избрани припаднички на женската популација во форма на лични „исповеди“ кои во контекст на просторната инсталација (сценски импровизирана кабина - исповедалница) се полу-интимни и полу-јавни, овозможуваат „препознавање“ и јавно изговарање на проблеми поврзани со машката доминација, потиснатоста на жената без право на глас, патријархалната традиција, а особено за потчинетост кон „авторитетот“ - препознаен како олицетворение на црквата, нацијата, партијата, мажот-татко во традиционалното семејство, или мажот-претпоставен на работното место. Тргнувајќи од слоганот „личното е политичко“, како феминистички референт од 60-те и 70-те години, методот на исповед всушност е обид да се отелотвори гласот на отпорот.

Top