Инфо

Година

2014

Дата/Време

Сабота 08.03 12:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

MK |

Учесници

Никулец Креатива

Никулец Креатива

Центар за едукација и креативност на деца и млади  


Ар тисти

Синопсис

ДЕТСКО КАТЧЕ

ДЕТСКО КАТЧЕ со НИКУЛЕЦ КРЕАТИВА и ЧЕКОР ПО ЧЕКОР 12.00 кино Фросина, фоаје на кат

Сигурно и удобно катче во кое децата заедно со родителите можат да се вклучат во интересни креативни активности – боење родово сензитивни боенки, читање феминистички сликовници за деца, креирање поинакви осмомартовски честитки. Гратис совети за родители како да воспитаат родово сензитивно дете. Центарот за едукација и креативност за деца Никулец Креатива работи на развивање на креативноста кај децата од школска возраст преку практични вежби, стратешко размислување и интеракција низ кои создаваат заеднички интереси и чувство на припадност преку тимска, креативна работа и учење. ЧЕКОР ПО ЧЕКОР е најшарената и најразиграната фондација која веќе 20 години будно се грижи за доброто на сите деца. Во нејзините детски креативни центри и катчиња за учење низ игра, ние ги поминавме годините од основното образование, а сега на нивните активности се радуваат и допрва ќе се радуваат некои нови клинци и клинцези

Top