Жени за Жени (WoW)

Video

Сексуалното насилство, сексизмот, хомофобијата, трансфобијата и расизмот кои резултураат со насилство меѓу луѓето сe широко распространети во денешното општество. Четири организации кои се партнери од Словенија, Хрватска, Македонија и Ирска сметаат дека е неопходно да се преземе континуирана акција против oва насилство. Во следните две години, ние, како организации, уметници и активист(к)и ќе работиме со цел да ги споделиме перспективите на жените кои придонеле и сѐ уште придонесуваат кон еднаквост во нашите општества.

Women on Women постои за (ре)презентација на жените од страна на жени, од минатото и сега. Патријархалните перспективи низ историјата ги имаат исклучено жените од наративите, освен оние кои биле дел од моменталната владеачка сила. Токму поради ова, проектот се фокусира на родова еднаквост низ феминистичка перспектива, трасирајќи го наследството на жените, особено низ интерсекциска перспектива, како и перспектива на различностите. Терминот жени, стои за жени, трансродови и интерсекс луѓе кои се идентификуваат како жени. Проектот се обидува преку нови модели на солидарност и размена на знаења меѓу различи заедници, да ги слави достигнувањата на жените во минатото и сега преку номинации, портретирање, колективни перформанси, мапирање на градови и уметнички интервенции во јавни простори, како и развивање на уметнички програми кои го отсликуваат културниот диверзитет во современите општества. Проектот ќе вклучи дваесет жени од различни социјални, економски, културни, етнички, расни и генерациски позадини кои ќе бидат дел од подготовките и реализацијата на проектните активности и уметничките програми.

Нашата цел е да покажеме отпор кон постоечките нео-либерални и исклучувачки политички и популистички трендови, преку продуцирање на квалитетна уметност со жени и презентирање на нови наративи на нова публика. Наративи кои ќе ве инспирираат и воодушеват до степен да кажете wow!

Проектот е ко-финансиран од програмата на Креативна Европа на Европската Комисија и ќе се одвива од 1 септември 2019 до 30 август 2021. 

Проект координатор: City of Women (Словенија) 

Партнери:  Outlandish Theatre Platform (Ирска), Expanse of Gender and Media Culture 'Common Zone' (Хрватска), Тиииит! Инк. – Скопје (Македонија)