Крај за менструална сиромаштија

https://www.youtube.com/watch?v=C2zd1x4e4ds

Крај за менструална сиромаштија - Застапување за намалување на менструалната сиромаштија во РСМ

 

 

Здружението на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје, во партнерство со Реактор – истражување во акција, од јуни 2020 година започнаа со спроведување на проектот „Крај за менструална сиромаштија - Застапување за намалување на менструалната сиромаштија во РСМ“, поддржан од страна на програмата за поддршка на граѓанското општество - Цивика мобилитас  и ФРИДА – фондот за млади феминистки. Соработник на проектот е медиумската куќа НОВА ТВ.

Целта на овој проект е да направи иницијален напор за унапредување на пристапот до средства за менструална хигиена на жените и девојките во РСМ и да го адресира проблемот за менструалната сиромаштија преку подигање на јавната свест и промени во политиките кои ќе доведат до социјално – инклузивно управување и унапредување на родовата еднаквост. За да се постигне оваа посакувана цел, клучно е да се креираат функционални механизми и мерки за пристап на жените и девојките до средства за менструална хигиена и да се отвори јавна дебата за менструалната сиромаштија.

Со цел да се согледа реалната состојба со менструалната сиромаштија, на национално ниво, во рамки на проектот се предвидува истражување за пристапот до менструална хигиена кај девојки и жени генерално, но со фокус на пристапот до менструална хигиена кај средношколките во Република Северна Македонија. Оваа студија ќе овозможи согледување на повеќе фактори кои влијаат врз овој дел од женското здравје и ќе се воочи создавањето на социјално-општествените проблеми кои директно се повлијаени од тие фактори. Притоа, студијата ќе понуди мерки и препораки за понатамошно работење и застапување за решавање на проблемот со менструална сиромаштија.