Билјана Радиноска

Билјана Радиноска
MK
Режисерка
веб страница

Билјана Радиноска е македонска театарска режисерка. Дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во класата на Слободан Унковски и Златко Славенски. Добитничка е на неколку државни и интернационални награди. Била дел од магистерската програма за лабораториски пристап во театарот и перформативните уметности на Академијата за уметности DasArts во Амстердам, Холандија. Живее и работи во Скопје и Амстердам. Нејзината работа е повеќеслојна провокација на извесни театарски канони, преиспитување на хиерархии и форми низ призмата на емотивни пејзажи.

Top