Теа Шалдева / Galatheia

Теа Шалдева / Galatheia
MK
музичарка
веб страница

Теа Шалдева / Galatheia добро позната скопска стотројкашка слободно може да кажеме дека е веќе „резидент артист“ на музичката програма на ПРВО ПА ЖЕНСКО. Годинава ни открива дека од нејзиното рано детство музиката е нејзината единствена постојана страст која ја води на патот до сеопфатно дејствување во тој свет, најпрво како домаќинка на радио емисија во 103, па придружувајќи многу бендови со вокал и секако продукција на сопствена музика. Нејзината интимна афера со електронскиот бит започнува околу 2010, а по две години се развива во постојана љубовна врска на музичката сцена издавајќи го своето прво EP „All We Ever Wanted Was Everything“. Нејзиниот деби албум е „Метропол“ издаден во 2017 година, на кој му претходат неколку синглови. Во последно време е неразделив дел од приказната на Амок радио каде посветено „Микродозира“ нумери на локални артисти и бендови.

Top