Борис Геј

SCT
Перформер
Оформувајќи ја својата фигура по урнекот и сликата за Дорис Деј, Борис Геј е дрег крал од Шкотска кој ќе има свое премиерно шоу токму на ПРВО ПА ЖЕНСКО. Очекувајте хумор, талент, скромност и можна голотија! Борис ќе пее и ќе игра во својот уникатен камп-кабаре стил, ќе зборува за животот како дрег крал вклучувајќи ја и дрег сцената во Обединетото Кралство, а пред да го напушти подиумот, ќе изведе уште една естравагантна точка со танц и песна.