Мод Хендрикс и Бернадет О’Рајли
Мод Хендрикс и Бернадет О’Рајли заедно создаваат перформанси. Тие се уметници со резиденција во Болницата за жени и новороденчиња “Комби” каде што креираат експериментални, интермедијални перформанси и проекти како платформата Outlandish Theatre во Даблин 8 - нивната главна контакт зона од 2010 година. OT платформата е посветена на партиципативни модели на ко-креација кои ги рефлектираат животите и искуствата на оние кои живеат и работат во овој дел на Даблин. Берни и Мод работат да создадат услови за размена со која ќе се развиваат нови модели на создавање провокативни изведувачки проекти, истовремено градејќи врски со различна нова публика.