Дамјан Даневски

Дамјан Даневски
музичар
веб страница

Дамјан Даневски е магистриран џез тапанар, кој активно се бави со музика повеќе од десет години. Композитор и изведувач на авторска музика во бендовите Зулу 3.4, No Control, D Project, Wave, и други, како и соработки со голем број македонски артисти меѓу кои Conquering Lion, Тони Китановски, Оливер Јосифовски, Нокаут, Day OffThe Next Generation и многу други. Во своето портфолио има и бројни композиции и изведби на музика за филм и театар.  Дамјан е еден од основачите на Skopje Drum Talks.



Skopje Drum Talks претставува иницијатива за музичка едукација и поддршка на правата на музичарите (со акцент на тапанарите) во Република Македонија.
Skopje Drum Talks за прв пат ќе организира Drum Clinic во Македонија, програма позната ширум светот за неформално едуцирање на тапанарите.
За тие што прв пат се сретнуваат со овој термин, Drum клиника претставува едукативна демонстрација на техника на свирење од страна на почитувани и влијателни тапанари/ки. 

Top