Soul Case

Soul Case
MK
DJ

Соул Кејс е алијасот на Бојан Јанев, диџеј, дигер и промотер од Скопје. Човекот позади проектите “Oubli” и “Amok Radio” е веќе повеќе од стандарден во регионов, држејќи резиденции во сите позначајни клубови во Скопје. Тој не е останат незабележан ни надвор од границите на земјата - броејќи настапи во Јапонија, Јужна Кореја, Германија, Италија, Словенија, Србија, Црна Гора и други земји ширум светот. До сега, тој има гостувано и на платформи и радија како HÖR (Берлин), Worldwide FM (Лондон), Fauve Radio (Хонг Конг) и многу други, а покрај тоа што беше најслушаната емисија, на неговата „Monthly Operation“ на Амок Радио гостуваа и многубројни дигери, пријатели и истомисленици од целиот свет. 

Top