Маја Пелевиќ

Маја Пелевиќ
RS
Актерка
МАЈА ПЕЛЕВИЌ дипломирала на ФДУ Белград и докторирала на оделот за Теорија во уметноста и медиумите на Универзитетот за уметности во Белград. Нејзините пиеси (Кора од портокал/Pomorandžina kora, Јас или Некој друг/Ja ili Neko drugi, Боливуд, Белград Берлин, Можеби ние сме Мики Маус/Možda smo mi Miki Maus…) се преведени на повеќе јазици, поставувани низ Србија и Европа и објавени во бројни антологии. Од 2012 активно режира, развива авторски проекти (Тие живеат/Oni žive, Последици/Posledice, Нема надеж/Nema nade, Слобода е најскапиот капиталистички збор/Sloboda je najskuplja kapitalistička reč, Lonely Planet), и ги изведува своите пиеси. Добитничка е на повеќе важни награди, меѓу кои и на наградата “Борислав Михајловиќ Михиз” за пишување драми и на Стеријина награда за најдобра современа драма за Кора од портокал и за Последните девојчиња/Poslednje devojčice. Живее и работи во Белград и Бечиќи. Посакува апокалипса.
Top