инфо

Година 2025
Дата/Време петок 30.05 19:30
Место Кино на Железничката зграда
Земји учесници YU

учесници

Карла Црнчевиќ

Карла Црнчевиќ е драматург и филмска работничка која ја истражува политиката на сликите (images) и звукот низ различни формати и услови…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

Ден 1 – Воспоставување врски: Кино клубовите и феминистичките пристапи кон подвижните слики | ППЖ + KINO UNSEEN

Уверени дека во светот на континуирана прекарност, корупција, политичка репресија и криминализација на солидарноста, само здружени можеме да го сочуваме просторот на независната, обединувачка и ослободувачка култура, ПРВО ПА ЖЕНСКО 13 #ППЖ13 го отвораме со филмската програма развиена во рамките на првата соработка на Тиииит! Инк. со иницијативата Kino Unseen од Загреб и нивната програма Воспоставување врски, фокусирана на традициите и практиките на киноклубовите.

Во две филмски вечери, курирани од Карла Црнчевиќ, во Киното на Железничката зграда* во Скопје заедно ќе го слушнеме ехото на киноклубовите и алтернативните филмски мрежи – од Југославија до Куба, од минатото до денес, и ќе отвориме прашања за инфраструктурата, продукцијата и пристапот до филмската уметност за работничката класа, но и за улогата на жените во овие алтернативни филмски мрежи – и тогаш и сега.

Првата вечер го носи гласот од Куба преку колективот Диви архивист(к)и // Archivistas Salvajes, кои го истражуваат невидливото – нехегемонско и маргинализирано кубанско визуелно наследство. Нивната селекција на кратки филмови што ќе имаме можност да ја проследиме го открива патот на неколку режисерки во градењето и негувањето на својот творечки простор во историјата на кубанската кинематографија – миговен, фрагментарен, но сепак значаен и влијателен.

Втората вечер го отвора прашањето за позицијата на жените во југословенските киноклубови. Преку примерот на творештвото на неколку авторки од киноклубовите во Загреб и Сплит, чии филмови ќе имаме можност да ги видиме, и разговор со филмскиот истражувач Сима Кокотовиќ, ќе го допреме прашањето за минатото, сегашноста и можната иднина на киноклубовите во нашиот (отсекогаш) заеднички културен простор.

Нашите борби не се само меѓусебно поврзани, ами зависат една од друга!

Дојдете на #ППЖ13 и придружете се во борбата за зачувување на отворениот, заеднички и слободен културен простор во овој свет што се распаѓа.

Никој нема да дојде да нѐ спаси. Ќе се спасиме само едни со други!

Програмата на #ППЖ13 во Киното на Железничката зграда во Скопје се реализира во соработка со организацијата Факултет за работи што не се учат (FR~U).


Tiiiit!Inc. | KINO UNSEEN | Archivistas Salvajes | AKTO – FRU | Equality Fund | Global Fund for Women

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4