
ПРВО ПА ЖЕНСКО промовира разновидни пристапи во промислувањето и репрезентацијата на родот во уметноста и критичките пракси, низ преиспитување на доминантните наративи, оспорување на стереотипите и одржување безбедна и инклузивна платформа на која гласовите на различните малцинства и маргинализирани групи стануваат дел од мејнстримот. Како единствен фестивал на феминистичката култура и активизам во земјата, ПРВО ПА ЖЕНСКО го промовира феминизмот, придонесува за суштинско препознавање на женската интелектуална и креативна работа и ги поддржува напорите на активист(к)ите за женски и ЛГБТИ+ права. Неколкудневната интердисциплинарната програма вклучува изложби, предавања, пефроманси, концерти, презентации, панел дискусии, промоции на книги, диџеј сетови, активности за деца и млади, работилници, кои претставуваат различни рефлексии на феминизмот во теоријата и уметноста. Вкоренет во феминистичките вредности, Фестивалот ги промовира еднаквоста, недискриминацијата, грижата, инклузивноста, заедништвото, солидарноста, сојузништвото и интерсекционалноста како столбови на слободните, праведни и инклузивни општества.
Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност