Прво па женско #7

play me

Телото отсекогаш било место на контрола, отпор, дисциплина и непослушност, и меѓу другото простор каде се вежбале и истражувале родовите улоги. Промислувањата на телото и телесноста се годинешните потпорни точки на Прво па женско. Позајмувајќи ги зборовите на Лус Иригаре го поставивме  Ова тело кое не е едно за основа и поттик на она во коешто веруваме, во идејата за отфрлање на концептот за еднаквост во онаа смисла во која тоа подразбира статусни натпревари и манипулации и бескомпромисно преземање на атрибути на успешниот со цел изедначување со Другиот. Иригаре нѐ потсетува дека сите сме различни во родовиот аспект и дека онаа еднаквост која постојано ја застапуваме би требало, всушност, да биде заедничкото здружување без хиерархија. Подруготнувањето (Е. Шелева) во ниту еден случај не подразбира подеднаквување, туку суштинско разбирање на различностите кои првенствено ги препознаваме во нас, однатре она наше тело кое не е едно.

Иригаре ни укажува на тоа дека женската сексуалност и тело биле отсекогаш општествено и културно обликувани врз основа на параметрите на машкиот род, во една бесмислена споредбена релација на образец и копија. Затоа, се обидуваме да се спротивставиме на таквото восприемање на телото и воочуваме дека телата за кои зборуваме и мислиме се секогаш во множина и се создаваат под влијание на различни, често неповторливи искуства.

Програмата на Прво па женско оваа година ќе опфати повеќе аспекти од третманот, сликата, идентификувањето и восприемањето на телата, без разлика дали тоа подразбира релација во која е воспоставена институционалната моќ, влијанието од акутните социо-културни динамики или, пак, индивидуалното доживување на себеси. Ќе имаме можност да дознаеме и да размислуваме за старото/младото, грдото/убавото тело во македонската народна култура. Ќе зборуваме за женското здравје, за задоволството, но и за болката и неприпаѓањето. Ќе зборуваме за тоа каква е сликата за телото во кибер просторот, обременета со сите стереотипи и стигми и како тоа влијае врз јавното мислење.

И за крај, дали по логиката на Иригаре за écriture féminine, ќе создадеме сопствено гето (Е. Баковска) или ќе целиме кон поседување на сопствена соба (В. Вулф), е прашање кое ќе го оставиме да лебди и наместо да се обидеме да го одговориме ќе се стремиме кон тоа да отвориме простор каде ќе ги промовираме неконвенционалните, различни тела кои му пркосат на патријархатот. Ова Прво па женско, низ контрадикторно и конфронтирачко соединување ќе се обиде да создаде едно колективно тело од мноштво различности.

Јана Коцевска

*текстот е пишуван под влијание на ПМС

четврток 09 05
12:00
дискусија
Гинекологија и акушерство: сервиси, достапност и третман
плато МКЦ
19:00
изложба
Ова објективизирано тело
Галерија МКЦ
19:00
изложба
O | Јана Јакимовска
Женска соба | фоаје Фросина, на кат
20:00
филмска програма
ШТО Е ФИЛМ? | Клео од 5 до 7
Кино Фросина
22:00
диџеј сет
ДиЏеј Сет | Еми Ермилова
плато МКЦ
петок 10 05
18:00
дискусија
Можеш ли да нѐ следиш? | Женското тело во Инста декада
Женска соба | фоаје Фросина, на кат
19:00
дискусија
Куро крај нема: фолклорот на телесноста како егзотика и сензација
Женска соба | фоаје Фросина, на кат
20:30
перформанс
СИНЕ | Наташа Живковиќ
Сала 25ти Мај
21:30
перформанс
БЕГАЛКА | Лана Здравковиќ
Бифе Фросина
22:00
концерт
МАВИ ФЕНИКС + локална поддршка: DONPLAYA, BON PRASKIZA, PRINCE$$ DONTASU
Сала 25ти Мај
сабота 11 05
17:00
работилница
Работилница за секс играчки со Марика Смит
Женска соба | фоаје Фросина, на кат
19:00
дискусија
Феминизам и порно: Friends or Foes?
Женска соба | фоаје Фросина, на кат
20:30
претстава
„ЈАС, ЖРТВАТА“ и „Вториот пат“
Кино Фросина
22:30
концерт
Nalyssa Green | Post Lovers | ЅРЕТИ
плато МКЦ
недела 12 05
13:00
body flow
Body Flow | Ивана Коцевска
Сала 25ти Мај
13:00
базар
БАЗАР
плато МКЦ
14:00
диџеј сет
ДиЏеј сет | Теа Шалдева
плато МКЦ
18:00
претстава
КОНТРАБАЈКА | Театар Сенки и облаци
Џебно кино
20:00
дискусија
#сегакажувам | ПичПрич Слем
плато МКЦ
22:00
дрег шоу
БОРИС ГЕЈ
Бифе Фросина

ВОЛОНТЕРИ

  • Изабела Јакимова
  • Маја Петревска
  • Енџи Николоска
  • Верче Петрушевска
  • Ивана Цилевска
  • Теодора Милеска
  • Надица Банишка
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4