Вики Младенова е истражувачка на Универзитетот во Болоња при Департманот за историја и култура, ангажирана на ЕRС проектот The Game, поврзан со миграција и Балканската рута. Докторирала на Универзитетот Ориентале во Неапол, на Меѓународни студии (Studi Internazionali). Претходното образование го завршила во Скопје и Пиза. Работела во Хелсиншкиот комитет за човекови права од 2013 до 2017 година, била ангажирана на повеќе проекти поврзани со човекови права, дискриминација и говор на омраза. Во периодот од 2018 до 2019 година била ангажирана како асистентка-истражувачка на Правната клиника за права на Бегалци, на Правниот факултет и УНХЦР-Скопје. Во периодот помеѓу 2017 и 2023 била координаторка на неформалната иницијатива Критичко преиспитување на правото. Нејзините главни истражувачки интереси се позиционирани во рамки на критички правни студии, политичка филозофија и миграциски студии.