Албена Баева

Албена Баева

EgaswINvgkxHcF1l5vcO

Албена Баева е визуелна уметница, кураторка и продуцентка која фокусот на своето творештво го пронаоѓа на раскрсницата помеѓу уметноста, технологијата и општествените науки. За нејзините интерактивни инсталации наменети за урбани средини, таа користи машинско учење (ML) и вештачка интелигенција (AI), физичко сметање, креативно програмирање и направи-сам техники.
Албена е ко-основачка на Runabout project – платформа за нови изведувачки инструменти, Reaktiv  – студио за интерактивен дизајн и на галеријата Gallery.
Нејзините дела биле изложени во повеќе музеи за современа уметност во Есл (Австрија, 2011 година), ЕММА (Финска, 2013 година), МЦВ Војводина (Србија, 2015 и 2019 година), галерии и фестивали за видео и перформанси во Австрија, Бугарија, Чешка, Кипар, Данска, Франција, Финска, Германија, Унгарија , Италија, Литванија, Швајцарија, Србија, Турција, Украина и САД. 

уметница
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4