Сандра Дaлен (Шведска) веќе 20 години работи како секс-едукатор – предавач, тренер и писател. Во 2002 год. ја напиша првата феминистичка книга на шведски јазик насловена Секс итн., а во 2006 год. првата „популарно научна“ книга за хетеронормативноста Хетеро. Таа работи и како предавач на теми поврзани со еднаквите можности, дискриминацијата и нормативно – критичката педагогија. Фер е да признаеме дека, на свое и на задоволство на нашите партнер(к)и, сè уште ги практикуваме советите од нејзината работилница “LET’S TALK ABOUT (CLITORAL) SEX”, дел од третото издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО, додека во 2017 година Сандра не’ научи и други важни и ”подлабоки” работи за женското задоволство, како на пример вагиналниот секс.
Ова предавање беше засновано на новата книга на Сандра, за вагинален секс (на шведски : Hallongrottan – en bok om slidsex) која е издадена во август 2017 година. Книгата го става акцентот на вагината (внатрешниот дел на женските гениталии) и го воведува новиот термин “вагинален секс” сè со цел да ни го прошири видикот за тоа како функционира вагината и каков може да биде сексот. Насекаде во светот луѓето знаат толку малку за вагината, а практикуваат вагинален секс или поточно практикуваат вагинален однос. Ова е всушност ограничен поим кој ја опфаќа пенетрацијата на пенисот во вагината, и не ги опфаќа стимулацијата со прсти во вагинатата ниту пак стимулацијата на клиторисот за време на односот. Како последица на ова, многу жени искусуваат болен однос и имаат тешкотии при постигнувањето оргазам. Ова е првата книга во светот која се фокусира на вагината и вагиналниот секс, а предавањето ќе биде насочено кон тоа како да се ужива во сексот, без разлика на сексуалната ориентација и на тоа дали сме сами или со друг(а).