Иман Амети флуктуира помеѓу музиката и архитектурата за кои вели дека се две навидум различни професии но во суштина многу слични. Таа има страст за грув и вештина за изработка на музички патувања каде владее пулсот на срцето и служи како извор на енергија, поврзувајќи ги луѓето преку универзалниот јазик на ритамот.
Нејзините енигматични звуци спојуваат funk, breakbeat, drum’n’bass и techno во наелектризирани изведби и го држат подиумот во движење, Без разлика дали се работи за опуштените вибрации на funk-от, френетичната енергија на breakbeat-от или хипнотичките ритми на techno-то, groove-от не познава граници, ги надминува жанровите и ги зближува луѓето со секој чекор кој станува танц, а секој момент станува можност за groove.