Прво па женско #1

play me

Прво па Женско е иницијатива што има за цел да поттикне одново промислување на значењето на 8ми март – Меѓународниот ден на жената, преку отворено поставување на широкото прашање за положбата на жените во нашето современо општество.

Иницијативата ја покренаа Tiiiit! Inc. со цел отворање на еден неексклузивен простор, во кој низ конструктивна дискусија и креативна размена, ќе се препознаат околностите во кои денес живее жената чиј што профил, интереси, ставови и лични заложби за самоостварување се спротиставуваат на традиционалните стереотипи, но и на оние кои денес кај нас насилно се наметнуваат како единствени морални и општествено-политички подобни и со нив доминантниот политички дискурс популистички манипулира.

Не ограничувајќи го контекстот на едно подрачје/теорија (феминизам, еднакви права…), беше конципран настан со целодневна програма составена од активности кои нудат можност за остварување на заеднички (не исклучиво женски или исклучиво машки) поглед и подлабоко разбирање на состојбите. Основната цел на настанот беше отворање простор за унапредување на позитивниот став кон активноста на оние кои јавно го поставуваат женското прашање и дејствуваат во насока на подобрување на политиките кои во фокусот ја имаат жената.

Настанот имаше за цел да поттикне препознавање, континуирано следење и вреднување на активна женска сфера во Скопје и воопшто во Македонија, но и да ги поттикне нејзините актери на поактивна и проактивна соработка и вмрежување. Тој беше и можност да се преиспита доживувањето на феминизмот кај нас денес, зошто е тој несоодветно препознаен, како и разликата помеѓу феминистките и оние жени кои тоа не се, иако обете групи во секојдневието се исправени пред истите предизвици.

Тиииит! и МКЦ ве канат на целодневна прослава!

петок 08 03
12:00
предавање
ЖЕНСКА СОБА | Презентации
Фоаје на кино Фросина на кат
12:00
работилница
ПРАКТИЧНА ЖЕНА
Галерија на МКЦ
12:00
работилница
SPIN-UP GIRLS | Бори се женски
YCC foyer
12:00
базар
Базар
Фоаје на МКЦ
13:00
изложба
Изложба на фотографии
Галерија на МКЦ
14:00
филмска програма
Филмска Програма
Кино Фросина
16:00
работилница
Никулец Креатива | ДЕТСКО КАТЧЕ
Фоаје на кино Фросина на кат
18:00
кулинарска изложба
ВКУСОТ НА МАШКИОТ РУЧЕК + Матине концерт на June
Фоаје на кино Фросина
19:30
перформанс
ЖЕНИ СО МУСТАЌИ. МАЖИ БЕЗ БРАДА.
Кино Фросина
20:00
перформанс
ЖЕНА И ПОЛ
Денсинг сала
21:00
концерт
Концерт | РЕПЕТИТОР
Денсинг сала
сабота 09 03
01:00
диџеј сет
ЖЕНИ ЗАД DJ ПУЛТОТ
Фоаје на кино Фросина

ВОЛОНТЕРИ

  • Аида Реџепагич
  • Симона Јовчева
  • Monika Jamandilovska
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4