Бранислав Димитријевиќ

Бранислав Димитријевиќ

NDbGuIZ2UWb03uhtdRo6

Бранислав Димитријевиќ е професор по историја и теорија на уметноста на Колеџот за уметност и дизајн во Белград, Србија. Тој предава и пишува на меѓународно ниво за уметноста, филмот и политиката во социјалистичка Југославија, како и за авангардната уметност, современата уметност и изложбените истории. Дел од неговите објавени книги ги вклучуваат: „Потрошениот социјализам – културата, конзумеризмот и социјалната имагинација во Југославија, 1950-1974“ (2016), „Слаткиот филм на Душан Макавејев“ (2017), „Против уметноста – Горан Ѓорѓевиќ“ (2014), „За нормалноста: уметноста во Србија 1989 – 2001“ (2005) и други. Од средината на 1990-тите тој курирал изложбени проекти кои ги истражуваат просторната и контекстуалната специфичнот. Меѓу неговите кураторски проекти се вклучуваат и „Добар живот“ (Геозавод, Белград, 2012, со М. Ханула) и „Нема мрежа“ (2011), првото издание на Биеналето на Time Machine во нуклеарниот бункер во Коњиќ. Димитријевиќ е активен и како координатор за културна политика во политичката организација „Не давимо Београд“.

СРБ
историчар на уметност
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4