Прво па женско #5

play me

Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО отвора неексклузивен простор за конструктивна дебата за околностите во кои денес живее жената спротивставена на традиционалните стереотипи. Фестивалот има за цел да го промовира феминизмот и да ги поддржи заложбите на активистите за родовата еднаквост преку создавање можности за локална, регионална и интернационална размена, соработка и вмрежување, како и да придонесе кон суштинско препознавање на женската интелектуална и креативна продукција преку креирање можности за креативно изразување, соработка и професионален развој.

Домашните, но и глобалните случувања изминатава година потврдија дека сериозните чичковци во костуми, седнати на одлучувачки позиции сериозно потфрлија.  Ред е на жените да го спасат светот! Под ова мото, оваа година ПРВО ПА ЖЕНСКО го слави својот 5ти роденден! Програмата на јубилејното издание враќа некои од незаборавните учеснички и учесници од претходните години, на кои им се придружуваат нови возбудливи пријател(к)и на фестивалот. 

 Фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско е поддржан од Европската Унија и од FRIDA Young Feminist Fund. Содржината на фестивалот е одговорност единствено на Тиииит! Инк. – Скопје и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

четврток 18 05

ВОЛОНТЕРИ

  • Ева Ристиќ
  • Моника Јамандиловска
  • Ивона Наскова
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4