Suze od luka

Suze od luka

A4a7f2feec68caef648cc4d8fa44e456.1000x1000x1

Suze od luka 💙 – терапија со емотивни битови и текстови што допираат директно во сржта.

Лука Видовиќ, кој го знаеме како дел од електронското дуо Pocket palma, годинава го лансираше својот соло проект – Suze od luka и својот прв соло албум – L A G A N.

Иако влегувањето во соло водите знае да биде незгодна ситуација, Лука се снајде и плива беспрекорно! Доказ за тоа е и неговиот прв албум, кој не е само збирка песни туку и лична белешка од неговите искуства, интроспективна терапија преточена во електро битови и текстови кои гаѓаат во срце.

L A G A N е резултат на целокупниот музички вкус на Лука – од детството со Avril и Britney, преку тинејџерските денови со Linkin Park и Evanescence, па сè до дваесеттите години кога ги открива Jamie XX, James Blake и Moderat, а поново и Fred Again.

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4