Прво па женско #8

play me
– Жените се малцинство –
 
// МКЦ // Монтажна галерија – парк на франкофонија // МСУ
 
Оваа година, фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО застанува цврсто зад транспарентот: Жените се малцинство. Со ваквото политичко позиционирање имаме за цел да го преиспитаме значењето на терминот „малцинство“, свесно одбегнувајќи ја неговата национална, доминантна претпоставеност. Сакаме да посочиме дека во значењето на овој поим многу поважни се, всушност, односите на моќ помеѓу најразличните општествени групи, како и доминацијата на едни врз други. Таквата доминација секојдневно се случува преку вкоренети штетни политички уредувања и општествени норми, кои подразбираат дискриминација на мноштво идентитети што не се вклопуваат во идеалот што му е припишан на хегемониското мнозинство. Токму затоа, прашањето за малцинствата е и феминистичко прашање.
Целата програма е замислена да одговори на протоколите пропишани за одржување на јавни настани заради состојбата со пандемијата, каде ние како организатори во соработка со институциите, ќе внимаваме да се почитуваат целосно.
Значителен дел од програмата на овој фестивал спаѓа во рамките на Women on Women (WoW) проектот – кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Комисија, што Tiiiit! Inc. го спроведува заедно со 

Mesto žensk од Љубљана, К-Zona/VoxFeminae од Загреб и Outlandish Theatre Platform од Даблин. Проектот се фокусира на родовата еднаквост низ феминистичка перспектива, трасирајќи го наследството на жените (жени, трансродови и интерсекс луѓе кои се идентификуваат како жени), особено низ интерсекциска перспектива, како и перспектива на различностите.
Со своето осмо издание, ПРВО ПА ЖЕНСКО започнува посветено да ја реализира својата зелена агенда и преку конкретни акции да го промовира прашањето за заштита на животната средина, кое е несомнено и феминистичко прашање.
Визуелното решение за осмото издание на фестивалот, ни го подари интердисциплинарната уметница и архитектка Тамара Забазноска/Tam Ryn, на што сме ѝ особено благодарни.

Осмото издание на Прво па женско е поддржано од: Програмата на Креативна Европа на Европската Комисија/ 

Creative Europe, Министерство за култура / Ministria e Kulturës, FRIDA | The Young Feminist Fund и Град Скопјe.

Нашите соработници, некои од нив со нас и од првото издание на фестивалот се: 

Младински Културен Центар, Iskra Tourbooking, MOT theatre festival, Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje, PrivatePrint, Od nula do nula – Од нула до нула и Period. The Menstrual Movement Skopje.
понеделник 17 08
21:00
изложба
Ничии прагови конкретно
МКЦ галерија
22:00
концерт
WoW Program | Димитра
МКЦ плато
вторник 18 08
20:30
разговор
WoW Program | Непосредност во криза
МКЦ плато
22:00
концерт
WoW Program | Хана, Долорес и Јоана
МКЦ плато
четврток 20 08
18:00
работилница
WoW Program | Мапирање на женското културно наследство
Град Скопје
20:30
филмска програма
Period. End of Sentence.
ЦАЦ Мобилна галерија, Парк на Франкофонијата
сабота 22 08
20:00
промоција на книга
15 Horror Stories by Women Workers
МСУ плато
21:00
филмска програма
WoW Program | Проекција на филм: „Писма 1“ и „Писма 2“
МСУ плато
22:30
диџеј сет
WoW Program | DIAH
МСУ плато
недела 23 08
20:00
изложба
WoW Program | “БЕЗ ПРОСТОР” на Селма Селман
МСУ
21:00
диџеј сет
WoW Program | Дiskorдia
МСУ плато

ВОЛОНТЕРИ

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4